Interethnic Integration - 06.03.2014

ИЗВЕШТАЈ ЗА РЕАЛИЗИРАНА АКТИВНОСТ
 
По остварувањето на првата средба и постигнатиот договор со нашето партнер училиште, на 06.03.2014 се одржа поетско читање под мото: "За сите мајки". На оваа поетско читање присуствуваа наставници од нашето училиште и од ОOУ "25 Мај". Учениците од ОOУ "25 Мај" се претставија со своите лични торби на својот мајчин албански јазик, а ученици од нашето училиште презентираа лични поетски творби на македонски и ромски јазик. Учесници беа ученици од 6 и 7одд.
Изработените творби потоa учениците ги изложија на пано во холот на училиштето.
Поетското читање заврши успешно. Се надеваме дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина.
Наставници кои учествуваа во активностите:
Елизабета Стојановска
Арјета Идризи
Елена Малинова
Катица Стојчевска