Соработка со ОУ "Аcтрит Битики" од Р. Косово

Оваа учебна година нова  соработка помеѓу O. O. У. "25 МАЈ" - Скопје, Р. Македонија и О.У. "Аcтрит Битики" - Урошевац, Р. Косово размена на идеи помеѓу наставниците и нови пријателства помеѓу учениците, спортски натпревари, со надеж дека оваа соработка ке продолжи во наредните години. Благодарност до директорот на училиштето Г. Рамадан Адемај и колективот кои навистина не пречекаа прекрасно, исто и тие со нивната посета кај нас беа презадоволни. Директорот на нашето училиште Г. Фадил Муртезани потенцира дека ваквите соработки се од голема придобивка за сите нас.